Касами го искритикува Стоиљковиќ за Додик: Не може да се примаат луѓе кои се на црната листа на САД

Од:

Градоначалникот на Тетово и претседател на партијата Движење Беса, Биљал Касами на новинарско прашање го критикуваше потегот на заменик премиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ поради приемот на Милорад Додик, претседателот на Република Српска во Босна и Херцеговина.

Касами ја даде оваа изјава денеска пред настан во Тетово, каде општината организираше средба како дел од Унија на турските општини во светот.

– Кога сме во јавни функции, сигурно дека треба да сме свесни за позициите кои ги носиме од тие позиции, ние ги претставуваме сите граѓани, не може додека сме во тие позиции да изразуваме наши лични желби и лични позиции. Не може во министерство да се прима еден човек кој е во црната листа на Соединетите Држави и да се каже „Тој е мој личен став и тоа е лична желба“. Македонија е мултиетничка и во позицијата која ја носи дотичниот министер, треба да биде свесен дека треба да ги претстави сите заедници во Македонија, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, сигурно и Србите. Затоа се надевам дека ова ќе биде последна изјава и последни јавно изнесени ставови на министерот во оваа насока за тоа што значи тој треба да биде свесен и чувствителен за мултиетничиот карактер на Македонија, рече Касами денес во Тетово.

Стоиљковиќ е претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, која е дел од Владата, заедно со Движење Беса.

Би можело да ве интересира

Додик: Република Српска се залага за мир, но нема да дозволи конфискација на имотот и јурисдикција

А1он

„Тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот“, му порача Касами на Таравари

Катерина Ѓуровски

Додик: Ситуацијата во Српска е стабилна, додека на ниво на БиХ е сложена

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Додик: Приказната за рушењето на уставниот поредок е цинична

А1он

Додик: Владата е стабилна, Република Српска не е безбедносно загрозена