ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се обидува да најде оправдувања, но е заглавен во калта на сите системски неуспеси што ги остави зад себе

Од:

Филипче и СДС работеле на штета на јавното здравје на граѓаните. Филипче и СДС работеле надвор од законските процедури. Венко Филипче беше најлошиот менаџер и министер за здравство во историјата на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Деструктивните политики на Филипче, СДС и ДУИ го уништија македонското здравство, во време на СДС и ДУИ имаше бројни скандали во здравството, како историскиот скандал на Онкологија. Последиците од Филипче и СДС во здравството се катастрофални и штетни.Крахот на македонското здравство во време на Филипче, СДС и ДУИ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување термини и егзодус на лекарите. Филипче дозволи здравствениот систем да се распадне, а неговиот мандат беше обележан со недостиг на регистар за следење на онколошката терапија. Филипче во паника се обидува да се оправда, но заборава дека нему му се случи модуларната болница. Филипче набавуваше вакцини за ковид од непостоечка фирма во Кина, Филипче беше неспособен да набави вакцини, имаше недостиг на маски за медицинските работници сред ковид пандемија, немаше кислород и болнички кревети, медикаменти, тестови за ковид и опрема.Филипче и СДС местеа тендерите во четири очи, кои ги затскриваа позади здравствената криза. Филипче треба да знае дека оваа влада не работи „како до сега“ и не работи на реверс со кршење закони и крадење ампули. ЈО да отвори истраги за да се испитаат сите прекршувања на закони, процедури, постапки и тендери во здравството, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Граѓаните скапо плаќаат за бајките на Мицкоски – со празни џебови и празни фрижидери

А1он

Филипче испратил писма до ЕУ, вели Мицкоски најавил политички прогон: Премиерот му одговори дека чувствата му се се посилни

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ