Зеленски го повика Трамп да застане на страната на Украина: „Путин не се плаши од Европа“

Од:

На Украина и требаат пошироки безбедносни гаранции, а рускиот претседател Владимир Путин не се плаши од Европа, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Фокс њуз, во кое го повика американскиот претседател Доналд Трамп да застане на страната на Украина, пренесува Ројтерс.

Трамп, кој ја презеде функцијата на 20 јануари, вети дека брзо ќе стави крај на војната меѓу Русија и Украина, но не објасни како планира да го постигне тоа. Неговите соработници сугерираат дека преговорите би можеле да траат со месеци. Трамп изрази подготвеност да разговара со Путин за завршување на војната, што е во спротивност со политиката на поранешниот демократски претседател Џо Бајден, кој избегнуваше контакт со рускиот лидер.

Изборната победа на Трамп во ноември ги зголеми надежите за дипломатско решение за ставање крај на руската инвазија на Украина, која започна во февруари 2022 година. Но, во Киев постои загриженост дека брзиот мировен договор може скапо да ја чини Украина.

„Сакаме тој (Трамп) да биде на страната на правдата, на страната на Украина“, рече Зеленски во интервјуто емитувано синоќа. „Путин не се плаши од Европа. Тој додаде дека Украина не може да ја признае руската окупација, но претпочита дипломатско решение. Белата куќа се уште не ги коментираше изјавите.

По почетокот на руската инвазија, Соединетите Американски Држави под водство на Бајден и обезбедија на Украина помош од над 175 милијарди долари, вклучително и повеќе од 60 милијарди долари воена поддршка. Останува неизвесно дали оваа помош ќе продолжи да пристигнува со исто темпо под администрацијата на Трамп.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Зеленски по најавата за примирје: Путин манипулира со животите на луѓето

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио