СДСМ: Мизрахи и ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните, нивните лаги за Филипче се разобличени

Од:

СДСМ продолжува да ја информира јавноста за вистината во врска со лажните обвинувања кои ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката Рашела Мизрахи ги пласираа за случајот со Клиниката за онкологија. Документите кои вчера беа презентирани јасно покажуваат дека стручните комисии биле формирани и работеле согласно законските процедури, а шестмесечните извештаи од Клиниката за онкологија биле редовно подготвувани. Обвинувањата на Мизрахи кон Филипче дека е одговорен за тоа дека „никогаш не биле формирани стручни комисии“ и дека „недостасувале шестмесечни извештаи“ не се само неточни, туку и намерни обиди за манипулирање со јавноста, велат од СДСМ.

„Претседателот на СДСМ Венко Филипче на вчерашната прес-конференција презентираше материјали кои ги побиваат сите наводи. Тие документи се веќе доставени до Обвинителството и очекуваме да бидат предмет на натамошна истрага. Очекуваме истрагата да покаже зошто овие документи не биле доставени до надлежните органи во моментот кога биле побарани и зошто се дозволи јавноста да се доведе во заблуда дека Филипче е одговорен во случајот.

СДСМ ја повикува Рашела Мизрахи и ВМРО-ДПМНЕ на јавно извинување за пласирањето на лажни и неосновани обвинувања. Наместо да се водат деструктивни кампањи, треба да се поддржи транспарентноста и вистинската борба за здравјето на граѓаните. Фокусот на СДСМ останува на вистината, одговорноста и јакнењето на здравствениот систем. Граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината, а сите политички манипулации кои ја загрозуваат довербата во здравството мора да бидат разобличени. СДСМ ќе продолжи да инсистира на целосна транспарентност и истрага за овој случај“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?