Отворен рурален тренинг центар во Вруток

Од:

Едукација на фармери за новите технологии во земјоделството и руралниот туризам ќе се спроведува во наредните 20 месеци во руралниот тренинг центар, кој денеска свечено беше отворен во гостиварското село Вруток.

Проектот наречен „Почувствувај го здравиот рурален живот“е финансиран од ИПА-програмата на Европската Унија за прекугранична соработка со Албанија, а го спроведува Федерацијата на фармери во Македонија и Албанскиот земјоделски совет.

Опфатени се регионите Полог, Пелагонија, Дибра и Елбасан.

„На ваков начин ќе се овозможи засилување на мрежата на локалното население и организациите од двете земји, учеството на етнички мешаната популација во целиот пограничен регион и користење на двојазичниот пристап во секоја од проектните активности“, потенцираше претседателот на ФФРМ, Андрија Секуловски.

Вкупната вредност на проектот чија цел е промоција и развој на селскиот туризам изнесува 161.721 евра, финансиски средства што ги обезбедува Европската Унија.

Вкупните активности ќе ја подобрат економската состојба на руралното население во пограничните региони преку нивна меѓусебна соработка, промоција на традиционална храна и развој на претприемачките вештини, особено кај младите и жените фармери, истакна Аиво Орав, шефот на делегацијата на Европската Унија во Македонија.

На настанот присуствуваа и министерот за локална самоуправа, Тахир Хани, гостиварскиот градоначалник, Невзат Бејта, како и стопанственици и фармери од западна Македонија.

Г.М.

 

Би можело да ве интересира

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Тело на мртов маж од Тетово е пројдено во семејното возило, полицијата истражува дали е убиство или самоубиство

Горан Наумовски

Поплавени подвозниците во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат

Катерина Ѓуровски