ПЕП 21: Дали Владата има сознанија за секојдневните проблеми на вработените во Охис, Емо Охрид, Еурокомпозити Прилеп….?

Од:

„ПЕП 21 прашува дали Владата е подготвена да им помогне на вработените во фирмите со доминантен државен капитал, и на членовите на нивните семејства кои секојдневно очајни талкаат низ институциите на системот барајќи решение за основните потреби претворени во проблеми?

Дали Владата има сознанија за секојдневните проблеми на вработените во Охис, Емо Охрид, Еурокомпозити Прилеп….?

ПЕП 21 посочува, дека вработените во фирми со доминантен државен капитал и членовите на нивните семејства, не можат да користат здравствени услуги, старосна, односно семејна пензија, а ниту пак некој од вработените може да користи паричен надомест по основ на невработеност само затоа што не им се уплатени придонесите.

Ние од ПЕП 21 бараме Владата итно да изнајде решение за овој проблем со цел засегнатите граѓани да можат да ги користат сите бенефиции кои би ги имале доколку редовно би им биле уплатувани придонесите.

Државата мора да ги преземе обврските што произлегуваат од законската регулатива, односно да им обезбеди минимална социјална сигурност, а пред се најитно да им овозможи да користат здравствени услуги во јавните здравствени установи под исти услови како осигуреници со платени придонеси, бидејќи човечкиот живот е бесценет“, велат од ПЕП 21.

Би можело да ве интересира

Јовановска до Јанкулоска: Кога со Протуѓер договараше да ги сотрат моите деца мислеше ли на правата на мајката и децата?

Ана Ололовска

ПЕП 21: Иванов свесно ги прекршува Уставот и законите

Ана Ололовска

ПЕП 21: Претседателот Иванов да ја почитува институцијата Претседател

Ана Ололовска

ПЕП 21: ВМРО-ДПМНЕ го силува изборниот процес

Емир Латифовиќ

ПЕП 21: Обид за легализација на криминалот

Ана Ололовска

ПЕП 21 се приклучува на утрешниот протест пред Уставниот суд

Емир Латифовиќ