За веледрогеријата „Пановски“ изјавите на Лефков се директна закана и клевета, најавуваат правни дејствија

Од:

Компанијата АД „Д-р Пановски“ во соопштение испратено до медиумите ги негира наводите од ВМРО-ДПМНЕ и пратеникот миле Лефков во врска со случувањата на Клиниката за онкологија.

Во продолжение, интегрално го пренесуваме демантот од АД „Д-р Пановски“:

Во врска со неоснованите обвинувања и клевети упатени на наша адреса, а во интерес на објективното информирање на јавноста, сметаме дека е неопходно да укажеме на следното:

АД „Д-р Пановски“ Скопје не е политичка партија и не учествува на избори, туку е приватна компанија, меѓународен конзорциум во кој има ЕУ и швајцарски капитал, и е основана пред 30 години. Оттука, обидот да бидеме вовлечени во дневно-политичката пресметка на партиите, го сметаме за непосредно загрозување на темелните вредности на македонскиот устав како „правната заштита на приватна сопственост“ и „слободата на пазарот и претприемништвото“.

Земајќи предвид дека последниот напад доаѓа од пратеник на владејачка партија, истиот го доживуваме и како директна закана, за што ќе ги информираме надлежните меѓународни организации.

Особено што тоа го направи на крајно клеветнички и неодговорен начин кон АД „Д-р Пановски“, и без никаков основ нѐ посочува како директен виновник за недостаток на лекови во јавното здравство за најтешко болните пациенти. Ваков говор на омраза е многу опасен преседан за македонските компании, креира правна несигурност што е недозволиво за држава која е полноправен член на НАТО Алијансата и претендент за полноправно членство во ЕУ.

Апсолутна невистина се обвинувањата дека АД „Д-р. Пановски“ ја диктира ценовната политика на лековите и со тоа наводно го уценува јавното здравство со високи цени за онколошка терапија. Законот за формирање на цени на лекови е донесен во 2007 година со кој се регулира начинот на формирање на цените на лековите, каде јасно стои дека одговорни за методологијата за формирање на цени се Министерството за здравство и одделот за формирање на цени на лекови при министервото.

Зад квалификациите дека „Д-р. Пановски“ е омилена партиска веледрогерија всушност се кријат бизнис интереси со цел да се наместат нови доставувачи на лекови и медицински материјали и опрема.

Добронамерно му порачуваме на г-дин Лефков, пред да ја стави АД „Д-р. Пановски“ повторно во некаков партиски контекст, внимателно да се информира, колку јавните здравствени институции имаат заостанати долгови кон нашата компанија за веќе испорачани лекови и во кој период истите долгови се акумулирани.

Наш императив е пациентите да добиваат и да им биде достапна најсовремена медицинска терапија и затоа не ретко сме се ставале во функција на јавното здравство и тогаш кога тоа било на наша штета.

Наша обврска е да го заштитиме нашиот корпоративен имиџ, бидејќи ваквите напади ни причинуваат сериозна нематеријална и материјална штета. Правниот тим на АД „Д-р. Пановски веќе презема соодветни дејствија во оваа насока.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеќири: Три месеци нема биолошката терапија за онколошките пациенти

СДСМ: Повторно нема лекови на Онкологија, неспособноста на власта ги загрозува животите

(ВИДЕО) Лефков: СДС брани корумпирано обвинителство и судство

(ИНТЕРВЈУ) Игор Стојковски, директор на онкологија: Чекор по чекор, Македонија може да стигне до имплементација на моделот на здравствена заштита базирана на вредности

A1on

(ВИДЕО) Лефков: Штаб на СДС сместен во куќата на судијката која го спаси возачот убиец од затвор

А1он

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на сите пресуди каде криминалци во време на СДС наместо затворски добиле пониски казни