ИДФ: Убиени се палестинските напаѓачи кои го извршија нападот во Ал-Фундук

Од:

Двајца палестински напаѓачи, кои беа убиени во текот на ноќта меѓу понеделникот и вторникот во близина на градот Џенин на Западниот Брег, се меѓу напаѓачите кои извршија терористички напад во селото Ал-Фундук на почетокот на јануари, соопшти израелската војска.

Хамас ја презеде одговорноста за нападот на 6 јануари, потврдувајќи дека Кутаиба ал Шалаби и Мохамед Назал, кои беа убиени, учествуваа во нападот во кој загинаа тројца Израелци, објави Тајмс оф Израел.

Израелската војска (ИДФ) соопшти дека членовите на единицата Дувдеван, агенти на Шин Бет и други војници ја опколиле зградата во Вади Буркин и користеле специјална тактика за да ги принудат терористите да излезат.

Би можело да ве интересира

Преживеана од нападот на Хамас ќе го претставува Израел на Евровизија

А1он

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки