Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Светскиот економски форум во Давос изјави дека „ќе бидат потребни најмалку 200.000 европски војници да служат како мировници на источниот фронт во Украина за да може да се спроведе мировниот договор“.
– 200.000, тоа е минимумот. Тоа е минимумот, инаку не е ништо, рече Зеленски за време на панелот на конференција во Швајцарија.
Киев Индипендент објави дека коментарите на Зеленски уследија по ветувањето на американскиот претседател Доналд Трамп брзо да преговара за крај на војната меѓу Русија и Украина.
Се наведува дека, иако деталите за планот на Трамп се уште не се претставени во јавноста, се претпоставува дека за тоа ќе биде потребно присуство на европски мировни трупи во Украина.
„Трамп, кој претходно истакна дека прво мора да се консултира со рускиот претседател Владимир Путин, активно работи на организирање средба со Украина“, рече Зеленски.