(ВИДЕО) Ивановски: Европа не смее да биде тивка кон фашизоидната Златна Зора

Од:

Европскиот Парламент и Советот на ЕУ да ги затворат вратите за членство на парламентарците на Златна Зора и за нивните криминални дејанија да бидат покренати судски случаи, изјави пратеникот на ПГ на СДСМ, Игор Ивановски во обраќањето пред Советот на Европа.

Тој порача дека Европа не треба да биде пасивна во врска со дејанијата на Златна Зора. Ивановски вели дека потребно е да се стави забрана за постоење на оваа партија, потенцирајќи дека за таква партија не мсее да има место во слободни, фер и демократски општества.

– Членови на Златна Зора се обвинети за убиството на познат грчки левоориентиран активист и пејач, а откако грчките институции го отворија случајот за убиство, против оваа партија покренати се и обвиненија за класичен криминал, како нелегално поседување оружје, перење пари и сл. Ние ги поддржуваме сите правни постапки на грчките институции против Златна Зора и нејзините пратеници и членови, но истакнуваме дека истите требаше да бидат преземени многу порано.

– Активисти на Златна Зора протестираа на македонско-рчката граница и на класичен нацистички стил ја навредуваа нашата нација, нашата историја, нашата држава и повикуваа на насилство против нас, Македонците. Воедно, познато е дека активисти на Златна Зора летово оштетија триесетина автомобили на македонски туристи во Грција. За жал, нема полициска или судска постапка против овие неприфатливи дејства против моите сограѓани. Не смееме да дозволиме грешките од минатото да бидат повторно присутни во Грција, Европа или светот – изјави Ивановски.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет