(ВИДЕО) Апасиев: Браво, вмровци – ја спроведувате Тиранската платформа

Од:

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, во однос на Законот за двојазични лиценци во градинките, којшто по ветото на Претседателката Сиљановска, Владата на ДПМНЕ повторно го пушти во собраниска процедура, потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ја спроведуваат Тиранската платформа.

– Ова не е наивен закон. Левица е позната по своите преседани, но за разлика од владејачкото мнозинство, Левица прави позитивни преседани. Првиот беше со разрешувањето на Илире Даути, а вториот што вашата Претседателката која повеќе е министер за култура и верски поглавар, отколку што е Претседателка – го послуша апелот на Левица и стави суспензивно вето на овој Закон – истакна Апасиев.

– Ние мислевме дека времето на шверцерат во ова Собрание заврши со Таљат Џафери, но видовме дека ДПМНЕ си продолжува тоа да го прави. Овој шверцерски Закон е донесен пред Нова година, мислејќи дека наивно, луѓето ќе се разбегаат по празници и дека нема ништо да се сети. Потоа, откако Левица ја повика Претседателката да стави вето, таа стави вето. За потсетување, овој Закон за заштита на деца, го шверцавте во ненадлежна Комисија за енергетика, зашто таму има ,,еден”, којшто шверца како Артан Груби во Комисија за европски прашања што шверцаше – образложи претседателот на Левица.

– Зошто само на албански да му се издава уверение на некој кој полага за лиценца?! Зошто не и на турски, ромски или српски?! Ние не сме бинационална држава! Ако сме мултиетничка, ќе биде на сите, а не само на два јазика! Вие почитувани вмровци, ја спроведувате Тиранската платформа која што ДУИ и вашиот необалистички коалиционен партнер ВРЕДИ, си ја потпишаа на баци-рака кај Еди Рама – потенцираше претседателот на Левица, таксативно набројувајќи ги точките од Тиранската платформа коишто ДПМНЕ глатко ги исполнува.

Апасиев потсети дека правните експерти на Советот на Европа потенцираат дека во споредба со законодавството во 2008, тогаш Бранко Црвенковски не сакаше да го потпише, новиот Закон – овој за двојазичност, значително ја проширува употребата на албанскиот јазик и во многу аспекти ги надминува европските стандарди утврдени со Рамковната конвенција за заштита на национални малцинства и со Европската повелба за регионални малцински јазици. Првата забелешка е таа.

– Ајде, да видиме политички каде го утнавте вие! Вие, почитувани вмровци, ја спроведувате Тиранската платформа, којашто дури и вашиот необалистички коалиционен партнер од ВРЕДИ си ја потпиша кај Еди Рама на „баци рака“. Ајде да видиме, еве ја Тиранската платформа, кои точки вие сега ги спроведувате. Првата точка – постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот рамковен договор. Си го поставувате ли елементарното прашање: зошто 25 години по Рамковниот договор, дури сега најдовте да воведувате? Ако било уставно, уште во 2002 ќе го вовеле, СДС тогаш – рече Апасиев.

– Еве ја Тиранската платформа – правилно спроведување на принципот на мултиетничност каде што Албанците се сметаат за државотворна нација, поддржување секаква правна и уставна иницијатива што ја засилува националната рамноправност на албанското население. Браво, вмровци! Првата точка на Тиранската платформа ја спроведувате – потенцираше Апасиев.

– Втората точка т.е. потточка на првата – постигнување целосна јазична еднаквост, употреба на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за негова примена како фундаментално и уставно право. Браво, вмровци! И оваа точка ја спроведувате – вели претседателот на Левица.

– Следната точка којашто им ја спроведувате е четвртата точка, а тоа е создавање дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи и преземање афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албански културни институции на централно и локално ниво. Ете ви ја Академијата во Тетово и во Чаир, Албанската академија. И, еве, ја следната точка: создавање на една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците – дообјасни лидерот на Левица.

– Браво, вмровци! При постоечки Закон за македонски јазик, не најдовте за сходно колку месеци да го формирате Инспекторатот за македонски јазик. Ние сме парадокс во вселената – да имаме Агенција владина за албански јазик, а да немаме Агенција за македонски јазик. Браво, вмровци! Точка по точка, цела Тиранска платформа ја реализирате! И, ајде, да го видиме тој таканаречен закон – овој за кој Груевски се тепаше со Таљат, му истураше води… се сеќавате? Еве, годишни зборници на правни факултети – се издаваат научни трудови дека тој закон не е закон. Ајде, да видиме зошто не е закон! Затоа што ви ги фрлија амандманите! Еве, истата ваква ситуација беше. Врати претседател, вие поднесовте амандмани и си ги баравте по контејнери. Толку ви е достоинството, вмровци – со факти говореше Апасиев.

– Да видиме следно: ви донесоа закон со 64 пратеника, а се бараат 80 пратеника. Тогаш галамевте, ама сега вие го спроведувате истиот тој закон. Следно: во пробиен, преклузивен рок. Седум дена има за објава, после една година е објавен Законот. Указ без потпис на Претседателот. Браво, вмровци! Еве го вашиот патриотизам, којшто се гледа само во патните трошоци за денес од 10.000 евра за една година – поентираше тој.

Инаку, пратеничката група од Левица, за овој втор обид на власта за наметнување двојазични лиценци во градинките, има поднесено неколку амандмани по коишто се расправа на денешната собраниска седница.

Би можело да ве интересира

Двојазичните лиценци се противуставни и шверцерски усвоени – го поздравуваме потегот на Сиљановска

Апасиев: Уставните судии да не се плашат пред налетот на необалистичките пискотници

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Апасиев до Мицкоски: Се надевам не сте поднапиен во овој момент

А1он

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

Јавна расправа на Уставен: Апасиев обвинува за политичка дискриминација, Џафери тврди дека станува збор само за пропуштен рок

Катерина Ѓуровски