А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Неспособното ДПМНЕ и раководството на ЕСМ го оставија половина Скопје без парно

by А1он20/01/2025 - 15:04423
Share0

На првите минусни температури, неспособното ДПМНЕ и реководството на ЕСМ за снабдување со топлинска енергија го оставија половина Скопје без парно. Центар, Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Капиштец, но и други населени места се без греење, велат од СДСМ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Парно греење нема ниту во дел од училиштата и градинките, родителите во повеќе општини добиле повик да дојдат да си ги земат децата, бидејки немаат парно греење. Скопјани, децата, пензионерите мрзнат поради неспособноста на ДПМНЕ.

Децата и изнемоштените луѓе, во 21 век се оставени на милост и немилост на несподобните директорчиња од ДПМНЕ и министерката за енергетика, блиска до Мицкоски.
Во исто време неспособноста на ДПМНЕ го загрозува и снабдувањето со струја на цела Македонија. Двата системи се проектирани да функционираат на начин што ќе ја поделат обврската во затоплување – дел со парно а доминатен дел со струја.

Сега кога граѓаните се оставени со саати без парно се принудени да бараат алтернатива, да вклучуваат греење на струја, да се згрејат на овие минусни температури. Аматерски од владата е што дозволи ова да се случи и што не го санира дефектот брзо, со што го загрозува снабудвањето и со струја и со парно.

Следете a1on на Youtube YouTube

Целосна одговорност за хаосот во енергетскиот сектор е кај минстерката за енергетика, Сања Божиновска која нема капацитет да менаџира со овој важен сегмент. Ги повикуваме веднаш да формираат кризен штаб, брзо да се реагира и веднаш граѓаните да добијат греење. Во време на голема светска енергетска криза СДСМ не дозволи да има прекини, граѓаните имаа непречено и струја и парно греење, тврдат од партијата.

parno greenjesdsm

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски24/09/2026 - 11:1824/09/2026 - 11:41

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Катерина Ѓуровски22/09/2026 - 12:18

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он20/09/2026 - 13:19

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он20/09/2026 - 11:53

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Катерина Ѓуровски16/09/2026 - 11:07

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 12:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео