Со три часа задоцнување, конечно по 15 месеци крвава војна, официјално почна примирјето во Газа. Населението во енклавата еуфорично го дочека 11,15 минута кога стапи во сила договорот меѓу Израел и Хамас направен со меѓународно посредство, пред се на Катар и на САД.
Првите три заложнички, Дорон Штајнбрехер, Емили Дамари и Роми Гонен се очекува да бидат ослобдени денеска попладне. Не е јасно како одложувањето на почетокот на примијето ќе влијае на размената на заложници за палестински затвореници која првично беше договорена за 16 часот по локално време.
Она што во моментов е извесно е дека, израелската војска треба да почне да се повлекува од Газа, а раселените конечно да почне да се враќа во своите домови.