Парламентот на Бугарија го избра Росен Жељазков за нов премиер на бугарската Влада. „За“ новиот премиер гласаа 125 пратеници, 114 беа „против“, а немаше воздржани.
Пратениците ја поддржаа структурата на Советот на министри со истото мнозинство, а составот на владата доби исто така доби 125 гласа „за“, по што
Жељазков и новите министри веднаш по изборот положија заклетва.
Ова е составот на новата Влада на Бугарија:
Премиер – Росен Жељазков
Вицепремиер и министер за иновации и раст – Томислав Дончев
Вицепремиер – Атанас Зафиров
Вицепремиер и министер за транспорт и врски – Гроздан Караѓов
Министерка за финансии – Теменужка Петкова
Министер за внатрешни работи – Даниел Митов
Министер за надворешни работи – Георг Георгиев
Министер за регионален развој и јавни работи – Иван Иванов
Министерот за труд и социјална политика – Борислав Гуцанов
Министер за одбрана – Атанас Запријанов
Министер за правда – Георги Георгиев
Министер за образование и наука – Красимир Валчев
Министер за здравство – Силви Кирилов
Министер за култура – Маријан Бачев
Министер за земјоделство и храна – Георги Тахов
Министер за животна средина и води – Манол Генов
Министер за економија и индустрија – Петар Дилов
Министер за енергетика – Жечо Станков
Министер за е-Влада – Валентин Мундров
Министер за туризам – Мирослав Боршош
Министер за млади и спорт – Иван Пешев.