„ВЕРО“ со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

Од:

Покрај новите 100 производи со замрзната цена, во ВЕРО маркетите остануваат и намалените цени на производите од новогодишната кошничка а ќе се организираат и дополнителни акции и промотивни активности со поволности за купувачите.

100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци е кампањата што ја започна ланецот на супермаркети ВЕРО за следните шест месеци. Во 100-те производи се основни прехранбени производи како и средства за домаќинство и лична хигиена. Покрај новите 100 производи со замрзната цена, во ВЕРО маркетите остануваат и намалените цени на производите од новогодишната кошничка, а ќе се организираат и дополнителни акции и промотивни активности со поволности за купувачите.

„Се обидуваме да помогнеме колку што можеме и оваа инцијатива е со цел да се излезе пресрет на напорите на Владата во намалувањата на цените во малопродажба. Проектот „100 производи со замрзнатите цени за шест месеци“ е наша заложба да помогнеме на нашите потрошувачи и да покажаме дека може поинаку. Оваа наша активност е само чекор плус во обидот да се стабилизираат цените кои зависат од производителите и со кои се обидуваме да најдеме заеднички јазик да не ги покачат производите во периодот што следи“, изјави Петар Денковски, директор на ВЕРО.

Проектот „100 замрзнати цени“ на ВЕРО е шестмесечна иницијатива за стабилизирање на цените на основните производи со цел да се поддржат буџетите на домаќинствата во време на финансиска неизвесност. Оваа иницијатива ја нагласува посветеноста на ВЕРО на општествената одговорност и грижата за заедницата, овозможувајќи клиентите ширум Северна Македонија да пазаруваат со сигурност и спокојство.

Со замрзнување на цените за шест месеци, ВЕРО не само што ги поддржува домаќинства, туку и поставува стандард за одговорност и грижа и продолжување на програмите и заложбите на владата за обезбедување стабилни и достапни цени за основните прехранбени производи.

Проектот „100 замрзнати цени“ ќе се одвива во сите ВЕРО маркети низ целата држава и ги опфаќа основните производи потребни во секојдневието на секое домаќинство. Деталната листа е достапна во маркетите и обележани на посебно место. Сите производи со замрзната цена ќе бидат јасно означени со специјални етикети во маркетите и ќе бидат истакнати во неделните брошури и објави на социјалните медиуми.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

ВЕРО со поддршка на згрижувачките семејства – новогодишни подароци за секое згрижено дете

A1on

Трговците вадат нови производи, сакаат да ја „прескокнат“ Одлуката за маржите, ќе има казни

ВИДЕО: СДСМ тврди дека нема намалување на цените

Од денеска казни на маркетите кои нема да ги намалат цените

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Зголемени цени за храна за 717 денари, мерките на Мицкоски нема да имаат ефект

Од денеска цените на дел од прехранбените производи треба да бидат намалени

Катерина Ѓуровски