Лондон: Полицијата го истражува случајот на ставање на дрога во пијалаци во зградата на парламентот

Од:

Британка која обезбедува истражувачка поддршка на парламентарците и нивните тимови, пријавила во полиција дека ѝ била подметната дрога во пијалокот во еден од баровите во зградата на британскиот парламент.

Таа му пријавила на персоналот на барот дека во нејзиниот пијалок ѝ била подметната дрога минатиот вторник, за време на вториот ден од парламентот по божиќниот одмор, објави Би-Би-Си.

Инцидентот, наводно, се случил во барот кој е отворен за пратениците и нивните гости, како и за вработените во парламентот.

Портпаролот на Метрополитен полицијата потврди дека истрагата е во тек, дека жртвата добива поддршка, но дека сè уште нема уапсени.

Случајот, кој прв го објави бриселскиот портал Политико, го потврди и портпарол на британскиот парламент.

„Свесни сме за инцидент што се случи во просториите на парламентот кој беше пријавен во собраниските безбедносни служби, а кој сега го истражува полицијата“, рече тој.

Непосредно пред божиќниот одмор, група пратеници од Лабуристичката партија предложија ограничување на продажбата на алкохол во парламентот за време на работното време.

Министерката за внатрешни работи, Ивет Купер, го осуди инцидентот како вознемирувачко и сериозно кривично дело кое може да има штетно и долготрајно влијание врз жртвите.

Британската влада вети дека ќе ја засили борбата против насилството врз жените и девојчињата преку Законот за криминал и полиција.

Би можело да ве интересира

Криминална банда се занимавала со проституција и продажба на дрога, обвинет е и полицаец

Горан Наумовски

Во тоалетите на финскиот парламент пронајдени траги од дрога

А1он

(ВИДЕО) Сомнителен автомобил паркиран во трговска област во Лондон – наредена е итна евакуација

А1он

(ВИДЕО) Убиство во Лондон: Со нож е избодено 14-годишно дете, полицијата трага по напаѓачот

Горан Наумовски

Дилер сакајќи да се спаси од полицијата фрлил дрога низ прозор

(ВИДЕО) Крвав Божиќ во Лондон, полицијата вели не е тероризам