Македонија со најмногу награди на „Јахорина филм фестивал“

Од:

Филмот „Волшебниот рид“ во режија на Петар Џуровски е награден со „Бронзена боровинка“, а „Трагачи по звукот“ на режисерката Сузана Диневски, ја освои Специјалната награда од жирито на Филмскиот фестивал „Јахорина филм фестивал“ што од 25 до 29 септември се одржа во Пале, Босна и Херцеговина.

Во категоријата промотивни филмови со наградата „Бронзен јавор“ се закити „Македонски вина“, дел од едицијата „Македонија вечна“.

На Интернационалниот филмски фестивал, посветен на туризмот и животната средина, беа претставени четири македонски документарни филмови и четири промотивни филмови за Македонија, во конкуренција на повеќе од 80 остварувања од 20 земји. Македонија на фестивалот освои најголем број на награди.

„Јахорина филм фестивал“ е домашен и меѓународен натпреварувачки филмски фестивал од областа на краток игран филм, документарен и краткометражен филм. Се одржува еднаш годишно во последната недела на септември. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ