Брнабиќ: Еве ги нашите 100 потписи, еве демократска можност за нашата опозиција

Од:

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ поднесе 100 потписи од пратениците од владејачкото мнозинство за одржување советодавен референдум за доверба на претседателот Александар Вучиќ.

Ана Брнабиќ на прес-конференција изјави дека опозицијата досега не доставила ниту еден потпис, а за распишување референдум се потребни 67 од нив.

Прашањето на советодавниот референдум би било – дали сте за покренување постапка за смена на претседателот, а самиот претседател вчера веќе кажа, потсетува Брнабиќ, дека истиот ден би поднесе оставка, доколку 50 отсто од граѓаните плус еден глас од оние што гласаа на референдумот изјавија дека не му верува.

– Еве ги нашите 100 потписи, чекаме само 67 потписи од опозицијата, единствено што е природно, нормално, да одиме да го прашаме народот. Се надевам дека ЦРТА и оние кои го нарачаа истражувањето не го направија ова како обичен облик на притисок, само како уште еден начин за создавање дополнителни тензии, за измама на домашната и меѓународната јавност, се надевам дека не беше тоа. Доколку опозицијата не поднесе иницијатива, а до овој момент, немаме добиено ниту еден потпис, доколку не ја поднесат оваа иницијатива, ова ќе биде дополнително вознемирување на јавноста, создавање тензии, уште еден начин за дестабилизација на Србија, рече Брнабиќ.

Би можело да ве интересира

Брнабиќ ќе поднесе потписи за референдум за доверба на претседателот Вучиќ

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Брнабиќ до опозицијата: Немате луѓе со кои ќе војувате

Горан Наумовски

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Брнабиќ за трагедијата во Нови Сад: Никој не купува време, сериозна истрага не може да се спроведе за 15 дена

Горан Наумовски

Брнабиќ за усвојувањето на Резолуцијата за Сребреница: Србија покажа како се бори за своите интереси