ФОТО: Џиновски ракови во Охридско езеро

Од:

Деновиве во крајбрежниот појас на Охридското езеро се појавиле џиновски ракови, кои според биолозите досега не биле забележани во нашето најголемо езеро.

Тие се најбројни во струшкиот дел на езерото, но биолозите велат дека во се поголем број нив ќе ги има и во охридскиот дел на езерото.

rakovi-ohrid

Охридски биолози велат дека ракот бара чиста вода, па оттука сметаат дека колекторскиот ситем кој го чисти езерото од отпадни и загадени води во моментот солидно функционира.

На почетокот на летово во Охрид престојуваше делегација од јапонски експерти кои на лице место се запознаа со работата на колектроскиот систем и кои изразија подготвеност со стручни совети и посебна студија да помогнат да се подобри улогата на колекторот во заштита на езерото.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија