Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

Од:

Во 09.53 часот преку единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена пријава за пет малолетни лица и едно возрасно лице дека поради обилните снежни врнежи се заглавени во село Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани.

Од ЦУК соопштија дека преку Секторот за операции и координација, веднаш е контактирано со СВР Штип, ПС Кочани и со лицето за контакт од Општина Кочани и градоначалникот на Општина Кочани, за координирање на активностите.

– Во 11.50 часот лицата се извлечени со теренско возило на член на Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани и истите безбедно се однесени и предадени на нивните родители, соопштија од ЦУК.

Би можело да ве интересира

ММА бара одговори, четири недели молк од АВМУ за „Арена М“

Предраг Петровиќ

Отворена истрага за насилство врз гинекологот во поликлиниката „Букурешт“

Предраг Петровиќ

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Снег заврна на Пелистер

Катерина Ѓуровски

Падна првиот снег на Копаоник

А1он

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау