Дански медиуми: Синот на Трамп ангажира бездомници на Гренланд за да се претставуваат како негови поддржувачи

Од:

Доналд Трамп Џуниор, син на новоизбраниот американски претседател, и неговите пријатели наводно ангажирале луѓе во Гренланд за да глумат поддржувачи на Трамп во видеа во замена за бесплатен ручек во скап хотел. Данското радио ДР објави дека од повеќе извори дознало дека видео снимката, снимена за време на кратка посета на Гренланд, покажува бездомници и други луѓе кои често се задржуваат пред продавница веднаш до хотелот.

„Бездомниците и старите луѓе одеднаш јадат во ресторан во кој никогаш досега не биле“, изјави за ДР долгогодишен жител на главниот град Нук.

Сè што требаше да направат е да носат капи со натпис „Make America Great Again“ и да учествуваат во видеа, објави ДР. На снимката објавена од весникот Екстра Бладет се гледа како луѓето на Трамп им приоѓаат на минувачите на улица и им подаваат капи МАГА.

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, идниот и поранешен американски претседател Доналд Трамп им се заблагодари на жителите на Гренланд што биле „толку љубезни“ кон неговиот син и членовите на неговиот тим. Како што беше претходно објавено, Трамп Џуниор пристигна во Гренланд пред три дена за да сними подкаст.

На прес-конференција во вторникот, денот кога неговиот син го посети Гренланд, Трамп рече дека нема да исклучи воен или економски притисок да го стави под контрола најголемиот остров во светот. Неговите изјави беа сфатени сериозно во Данска, која управува со Гренланд, но и во други европски земји, кои го критикуваа Трамп.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: НАТО нема да го исполни предлогот на Трамп за зголемување на трошоците за одбрана

Данска прати пораки до Трамп: Спремни сме да разговараме за безбедноста на Гренланд

АП: Трамп подготвува повеќе од 100 извршни наредби на првиот ден во Белата куќа

Мицкоски оди на инаугурацијата на Трамп

Катерина Ѓуровски

Кремљ ги споредува најавите на Трамп за заземање на Гренланд со руските анексии во Украина

(ВИДЕО) Инцидент на погребот на Џими Картер: Сопругата на Мајк Пенс одби да се поздрави со Доналд и Меланија