Град Скопје: Курто Дудуш ставил приватни контејнери и наплаќа на парагон блокче за чистење на отпадот

Од:

Градот Скопје од вечерва организира вонредна акција за чистење и дезинфекција на општина Шуто Оризари со цел спречување на ширење на зарази и загрозување на животната средина на жителите на општината предизвикани од Курто Дудуш.

Екоцидот кој во моментов се случува во општина Шуто Оризари е резултат на криминогеното и неодговорно однесување на градоначалникот Курто Дудуш.

Имено, Дудуш си поставил свои приватни контејнери на општинските улици, а на граѓаните им наплаќа за чистење на отпад на парагон блокче за што се располага со соодветни докази. Потоа, иако знаел дека е незаконски, отпадот го складирал на свој имот односно приватна парцела во негова лична сопственост со која си склучил договор и ја дал под закуп на општината. Отпадот кој го собирал спротивно на закон и си наплаќал за истото, потоа наместо да го одложи во единствената акредитирана депонија “Дрисла” тој со истиот си направил приватна депонија. За ова веќе се утврдени соодветни противзаконски дела, составени се записници и поднесена е пријава.

Жителите на Шуто Оризари не се должни да го трпат теророт од криминогениот Курто Дудуш, затоа од вечерва градот Скопје организира вонредна акција за чистење и дезинфекција на општината. Апелираме до надлежните органи итно да ги превземат сите соодветни мерки за санкционирање на лицето Курто Дудуш, а градот Скопје стои на располагање за дополнителни појаснувања и достава на сите докази со кои располага за утврдениор екоцид во режија на Дудуш.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка и селективна правда

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

Манасиевски: Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии ја укинале судската пресуда во која се ослободуваат виновниците за сообраќајната несреќа во Ласкарци

Предраг Петровиќ

Левица: Апсурд е Владата да одлучи за 300 милиони, а потоа да тврди дека парите не се државни и дека Државна лотарија не е државна

Доц. д-р Жан Митрев на бесплатен вебинар за навремено препознавање и лекување на аортната стеноза

Предраг Петровиќ