Пратениците ќе расправаат за интерпелациите за Меџити, Стоилковиќ, Тошковски, Исени и Даути

Од:

Собранието денеска треба да ја започне 29. седница на која на дневен ред се пет интерпелации. Четири интерпелации се поднесени од пратеници на Европскиот фронт против работата на вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени од ДУИ. Петата интерпелација е поднесена од Левица за работата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути.

Најголем дел од парламентарните партии и од власта и од опозицијата нема да ги прифатат интерпелациите поднесени против четворицата актуелни владини министри, додека за интерпелацијата на Даути изјавија дека ќе биде изграден став пред седницата денеска. Сепак, велат дека и доколку помине интерпелацијата за неа, Европскиот фронт може повторно да ја предложи и Даути повторно да биде претседателка на Комисијата.

Мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ, пратениците од коалицијата Влен, СДСМ и Левица ќе гласаат против четирите интерпелации, поднесени по случувањата на прославата на Денот на албанското знаме.

Според собранискиот Деловник, за интерпелациите дебатата и гласањето ќе бидат поединечни. Ќе дебатираат онолку пратеници колку што се пријавиле, но на крај на денот односно пред полноќ треба да се гласа. Сепак, пратениците се надеваат дека целата дебата би можела да заврши за еден ден.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Дали Мицкоски ќе продолжи да го штити Меџити од обвинувањата за 450 илјади евра провизија за „Скендербег“, прашува Алијанса на Таравари

Меџити: Охридскиот рамковен договор e основа за меѓуетничка еднаквост и стабилност на земјата

А1он

Меџити до Османи: Дали најмалку двапати си бил во Будимпешта на посета кај Груевски?

А1он

Меџити: Наша обврска е на учениците да им овозможиме што подобри услови за учење и развој