(ВИДЕО) Инцидент на погребот на Џими Картер: Сопругата на Мајк Пенс одби да се поздрави со Доналд и Меланија

Од:

Првпат по четири години, новоизбраниот претседател Доналд Трамп и неговиот поранешен потпретседател Мајк Пенс беа во иста просторија. Трамп и Пенс со своите сопруги на погребот на поранешниот американски претседател Џими Картер. Иако не се разделија во најдобри односи, Трамп и Пенс се поздравија, но сопругата на Мајк, Карен реши целосно да ги игнорира Доналд и Меланија.

Карен седеше до нејзиниот сопруг Мајк Пенс и продолжи да седи кога пристигнаа Трампови.

Таа не се поздрави ниту со Меланија Трамп, со која работеше рака под рака кога нивните сопрузи беа на функција за време на првиот мандат на Трамп.

Главниот момент кога нивната врска стана сериозно нарушена беше на 6 јануари 2021 година, за време на нападот на Капитол, кога Конгресот беше во процес на потврдување на победата на Џо Бајден на претседателските избори.

Тогаш Пенс како претседател на Сенатот одигра клучна улога во формалното потврдување на изборните резултати. Доналд Трамп постојано јавно го повикуваше Пенс да ги отфрли изборните резултати, што тој го одби, бидејќи не веруваше дека има уставна дозвола за тоа.

Трамп постојано јавно го критикуваше Пенс за неговата одлука да не ги оспори резултатите, велејќи дека „Пенс немаше храброст“. Пенс не се согласи, инсистирајќи на тоа дека има одговорност да го заштити уставот и дека би било незаконски да се постапува како што сака Трамп.

Тој тогаш изјави дека „ќе ја жртвува кариерата, но никогаш нема да ја жртвува својата чест“.

Иако во минатото беа блиски политички сојузници, ова несогласување предизвика сериозен раздор меѓу нив, што стана јасно во нивните јавни изјави.

Поддржувачите на Трамп беа лути на Пенс, скандирајќи „обеси Мајк Пенс“ и подигнаа импровизирани бесилки пред зградата на Капитол среде хаосот. Многумина тогаш веруваа дека Трамп ја поттикнал толпата против Пенс.

Мајк се обиде да се кандидира против Трамп за номинација во 2024 година, но остана во трката само од јуни до октомври 2023 година.

Пенс одби да го поддржи Трамп на изборите, но не ја поддржа ниту кандидатката на демократите, потпретседателката Камала Харис.

Наместо тоа, неговиот политички акционен комитет финансираше реклами пред изборите во 2024 година, притискајќи ги Американците да гласаат за републиканци.

Кога Трамп победи на изборите во 2024 година, Пенс му честиташе.

Би можело да ве интересира

Кремљ ги споредува најавите на Трамп за заземање на Гренланд со руските анексии во Украина

Мелони: Трамп нема да го анектира Гренланд и нема да ја напушти Украина

Медведев: Со Трамп сигурно нема да биде досадно

Аларм на Гренланд поради доаѓањето на Трамп

Трамп: Не ја исклучувам можноста за употреба на воена сила во Гренланд и во Панамскиот канал

Трамп: Бајден прави се што е во негова моќ да го отежне трансферот на власта