ДУИ: Мицкоски го откри планот за деградирање на албанскиот јазик – не смее да помине

Од:

Вчерашната изјава на премиерот јасно го откри неговиот план за деградирање на службениот статус на албанскиот јазик, враќајќи една застарена и неприфатлива формула, како што беше во Законот од 2008 година, каде албанскиот јазик се користеше само на барање на Албанците и преку пополнување на посебни формулари. Ова е отворен обид за укинување на албанскиот јазик загарантиран со Уставот и со Законот за употреба на јазиците од 2018 година, кој го постави албанскиот јазик како службен во сите централни институции, реагираат денеска од опозициската ДУИ.

Од партијата велат „Сега е јасно дека владата не ја признава оваа реалност и се подготвува да го укине овој закон преку Уставниот суд“.

„За ДУИ, ова е неприфатлив потег, и нема да дозволиме албанскиот јазик да биде сведен на секундарен статус или да биде условен од бирократија или политичка волја на поединци. Ќе ги искористиме сите политички, правни и демократски средства за да се спротивставиме на овој регресивен чекор и да го одбраниме статусот на албанскиот јазик. Ги повикуваме сите Албанци да бидат свесни за опасноста што му се заканува на албанскиот јазик и да останат обединети против овој обид за деградирање на правно политичкиот статус на Албанците“ е партискиот став.

Би можело да ве интересира

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните