Бројот на жртвите во земјотресот што утринава го погоди Тибет се зголеми на 95, додека бројот на повредени е 130, пренесе Ројтерс.
Puissant séisme de magnitude 6,8 au Tibet fait de gros dégâts, au moins 95 morts et des dizaines de blessés. #seisme #TibetEarthquake https://t.co/J587DspmuZ pic.twitter.com/yroGmXPPIU
— CATastrophesNATurelles.net (@catnatnet) January 7, 2025
Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтер го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кина.
Повеќе од 1.000 куќи се уништени, а тимови трагаат по преживеани под урнатините и им делат ќебиња и други потреби на погодените, јавуваат кинеските државни медиуми.
Според кинеската метеоролошка управа, моменталната температура во областа е минус осум, но до вечерва ќе се спушти до минус 18.
Луѓето останаа без вода и струја. Влезот во Националниот парк Монт Еверест е затворен, а тројца посетители се преместени на безбедно, јави кинеската државна телевизија.