Екипите трагаат по преживеани под урнатините по последниот силен земјотрес во Тибет

Од:

Во силниот земјотрес од 7,1 степени што денеска го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кина загинаа повеќе од 53 луѓе и е еден од најсмртоносните во последните години, пренесе АП.

Многу згради се урнаа, повеќе од 60 луѓе се повредени, а тимови трагаат по преживеани под урнатините, јавуваат кинеските државни медиуми.

Земјотресите во Кина најчесто се регистрираат на Тибетската висорамнина или нејзините рабови, област која е сеизмички активна поради судирот на индиската и евроазиската плоча, предизвикувајќи издигнување доволно силно за да се промени висината на Хималаите.

Би можело да ве интересира

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба

Силен земјотрес во Кина

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Силен земјотрес во Романија

Почувствуван земјотрес во Штип и околината