Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

Од:

Европските земји купуваат рекордни количества плин од Русија и покрај повиците да се забрани испораката на руски гас, пишува Блумберг.

„И покрај повиците за забрана на таквите пратки, Европа купува рекордни количини гас од Русија“, се вели во написот.

Блумберг посочува дека количините ги надминале оние што Русија ги продавала преку Украина до 1 јануари.

„Ситуацијата покажува колку е тешко за Европа да ги прекине врските со Русија, која во изминатата деценија се етаблира како клучен снабдувач на суровини на континентот“, се заклучува во написот.

Договорот за транзит на руски гас во Европа преку украинска територија (склучен во 2019 година) истече на 31 декември. Претходната година „Гаспром“ преку оваа траса испорача околу 15 милијарди кубни метри гас, што е 4,5 отсто од вкупната потрошувачка во ЕУ. Во текот на 2024 година, украинските власти постојано изјавија дека не планираат да го продолжат договорот за транзит. Рускиот претседател Владимир Путин претходно во декември изјави дека нема да има повеќе договори за транзит на гас преку Украина.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск