Градоначалникот на Цетиње бара меѓународна форензика и оставки на врвот на полицијата

Од:

Градоначалникот на Цетиње Никола Ѓурашковиќ иницираше одржување на итна седница на локалниот парламент поради трагедијата во која на 1 јануари во Цетиње загинаа 12 лица.

Од кабинетот на Ѓурашковиќ најавија дека тој на седницата ќе предложи усвојување на седум заклучоци, од кои првиот се однесува на оставка на политичкото раководство на безбедносниот сектор, како чин на преземање објективна одговорност.

Како што наведоа, Ѓурашковиќ иницирал одржување на седницата имајќи предвид дека Цетиње вторпат се соочува со невидена трагедија, во период од две и пол години, но и „дека сме сведоци на уште едно неадекватно однесување на полицијата и целиот безбедносен сектор“.

Од кабинетот на Ѓурашковиќ велат дека вториот заклучок се однесува на барањето за независна меѓународна форензика (реконструкција на настаните) со цел да се утврди евентуална лична одговорност и конкретни пропусти во работата на безбедносниот сектор.

Третиот заклучок, чие донесување ќе го предложи Ѓурашковиќ, се однесува на анализа на (не)преземени дејствија, (не) поднесени предлози за законски решенија, подзаконски акти, одлуки и мерки од областа за кои е надлежен безбедносниот сектор на државата во периодот од 12 август 2022 година до 1 јануари годинава.

Ѓурашковиќ ќе предложи и формирање на Центар за безбедност во Цетиње и зајакнување на кадровските и техничките капацитети, зголемување на бројот на полицајци и воведување на маалски полицајци во согласност со стандардите и практиката на Европската унија.

Тој ќе предложи на итната седница да се донесат заклучоци во однос на воспоставување современ систем за видео надзор на територијата на Цетиње и формирање специјални оперативни тимови на ниво на здравствени, социјални и градска управа и полицијата чија задача би било да се препознае девијантното однесување на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: Масовниот убиец од Цетиње бил и помеѓу полицајците додека го барале

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски

Медиуми: Во џебовите на убиецот од Цетиње се пронајдени 80 куршуми

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време