Во тепачка за паркинг, скопјанец заврши на Клинички

Од:

47-годишен скопјанец бил донесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди. Од болницата случајот го пријавиле в полиција, а според приајвата повредите го добил во напад по претходна кавга за паркинг.

– На 31.12.2024 во 20.53 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“, било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Г.В.(47) од Скопје. Според пријавеното, околу 19.30 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање за паркинг место, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираше МВР.

Би можело да ве интересира

Велешанка ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

10-годишно девојче повредено од заталкан куршум во Глумово

Ѓорѓиевски: Почна големото чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, мобилизирани сите јавни градски претпријатија

Малолетник направил хаос, со автомобил удрил пешак кој се бори за живот

Тепачка за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски

Еден загинат, двајца тешко повредени во три сообраќајни несреќи

Катерина Ѓуровски