Отворен Ски центарот ,,Михајлово”

Од:

Ски центар ,,Михајлово” денеска беше официјално отворен, а првите скијачи имаа можност да уживаат во снегот на Кожуф планина, четириесетина километри од градот Кавадарци. Има ски лифтови во должина од 370 метри со капацитет од 600 лица на еден час и скијачки појас, со капацитет од 800 лица.

– Всушност, отворена е првата стаза на 1.300 метри надморска височина, што завршува на 1.400 метри, со должина од околу 400 метри. Има најразлични содржини, појасни кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Тој најави дека учениците од општината преку програмата за физичко образование ќе имаат бесплатно учење скијање. Проектот рече е развоен, најави уште две стази со по два километра и од 1.800 метри да се спуштат на 1.300 и подобра инфраструктура.

Премиерот Христијан Мицкоски кој присуствуваше на свеченоста рече дека Владата продолжува да работи на реализација на проекти. Тој додаде дека ски – стазата претставува прекрасен објект. Притоа се заблагодари на сите општествено одговорни компании што учествуваа во изградбата на оваа стаза.

– Ова е исклучително голема можност за кавадарчани, но не и само за кавадарчани, туку луѓе од сите краеви на државата, да дојдат да уживаат во овие прекрасни природни убавини, да се рекреираат и навистина би сакал ова да биде еден почеток само, а понатаму уште повеќе да се развива и самото место и самиот регион, затоа што навистина самата планина и сето ова коешто е околу оваа ски- стаза е нешто што претставува природна реткост, истакна претседателот на Владата.

Мицкоски се заблагодари на сите кои придонесуваат со својот ангажман во тоа, Кавадарци како општина, навистина да претставува едно прекрасно место за живеење.

– Ние како Влада и во иднина ќе продолжиме да помагаме. Сега во февруари ќе биде објавен и новиот повик до општините за да аплицираат со нови проекти, што ќе бидат финансирани од страна на Владата. Така што заеднички кога се работи, успехот е тука, нагласи премиерот.

Се работи за донација од над 230 илјади евра. Од тоа, 115 илјади евра биле донирани од Комерцијална банка и исто толку од Кожувчанка ДОО. Со свој удел учествувале и неколку други општествени одговорни компании.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: 6.045 пристигнати апликации, 3.296 се од млади лица под 29 години, што посебно радува

Се прави естрада, не треба да се посветува внимание, Мицкоски за случајот „Аца Лукас“

(ВИДЕО) Мицкоски: Се срамиме пред Стразбур од оние кои го контаминираат судството и обвинителството

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Само ако сме обединети во почит, доверба и одговорност ќе можеме да постигнеме резултати

А1он

Мицкоски од Тирана: Остануваме решително ориентирани кон европските интеграции и регионалната соработка

ВИДЕО: Од 3.000 сакаат да земаат 5.000 евра плата, Мицкоски за судиите