ВИДЕО: Скопје како воена зона, за Тошковски на Нова година било мирно

Од:

Петарди и други многу помоќни пиротехнички средства ги вознемируваа скопјани во текот на новогодишната ноќ. Постојани пукања и екплозии се слушаа во текот на вечерта, па граѓаните не социјалните мрежи се жалеа на хаосот што се предизвикува. Родители на деца со победни потреби, семејства со мали деца и со миленици беспомошни поради пукотниците немаа можност во мир и како што е нормално да ја пречекаат новата година.

Од друга страна, министерот Панче Тошковски зборувајќи за новогодишната ноќ која ја оцени за мирна, воопшто и не се осврна на масовнот користење пиротехнички средства.

– Генерално, од кривично-правно аспект на територија на државата се направени 29 кривични дела и приведени се 33 лица од кои 14 се поврзани со трговија со дрога на различни локации. Имало околу 28 сообраќајни незгоди од кои три со тешки телесни повреди, а за среќа немавме сообраќајни несреќи со најтешки последици така што генерално можам да заклучам дека имавме мирна и стабилна безбедносна состојба на теротирија на Македонија и уште еднаш да упатам огромна благодарност до сите полициски службеници кои во текот на вечерта одговорија на висина на задачата, изјави Тошковски присуствуваше на официјалното отворање на скијачкиот центар „Михајлово“.

Пукотници од петарди и други пиротенички средства во некои населби се слушаат и денеска.користењето и продажбата на пиротехнички средста се забранети со закон.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тошковски: Успешен старт на „Безбеден град“, мал број прекршоци

ВИДЕО: „Сејф сити“ стартува за седум дена, во првата фаза на ризичните локации

Катерина Ѓуровски

Тошковски: СДСМ и ДУИ се длабоко заглавени во сопственото политичко мочуриште

А1он

Петардите повредија седум момчиња од Ниш, дел имаат сериозни повреди на рацете, а некои трајно останаа без прсти

Горан Наумовски

Тошковски најавува заострување на казните за пиротехнички средства

Пет деца и двајца возрасни се хоспитализирани поради посериозни повреди на прстите, кај дел од нив беше извршена ампутација

Горан Наумовски