Мексико Сити најсмрдлив град во светот

Од:

Многумина кои имале можност да го посетат Мексико Сити тврдат дека највпечатливо сеќавање од овој град им е неподносливата реа што се чувствува веќе со излегувањето од авионот.

Смрдеата потекнува од лошо оддржуваната канализација, пoради што воздухот речиси секогаш има мирис на септичка јама.

Од слетувањето на аеродром, до возење со велосипед долж улиците од калдрма – овој непријатен мирис на секој чекор може да Ви го уништи денот.

Проблемот е во тоа што оваа метропола официјално има 20 милиони жители, што е далеку поголем број од оној на кој е прилагоден канализацискиот систем изграден пред повеќе од 50 години.

Системот во моментов секоја секунда преработува повеќе од 50.000 литри канализациска вода, што е доволно секоја минута да се наполни по еден олимписки базен.

Жителите на Мексико Сити се навикнати да живеат со непријатниот мирис. Некои шетачи и велосипедисти носат хируршки маски за да се заштитат од миризбата, а уличните продавачи на блиските шахти ставаат кеси и картони за барем малку да го ублажат ширењето на смрдеата.

Властите веќе со години се обидуваат да пронајдат решение, но без успех. Овој пат градоначалникот Мигел Менсера предлага 135 милиони долари вреден план за изградба на три фабрики за биогас во кои отпадот ќе се рециклира. Тие би требало да бидат готови до 2018 година и да рециклираат 12.500 тони отпад, колку што дневно се произведува во Мексико Сити.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори