Фудбалерите на Ливерпул победија вечерва на гостувањето кај Вест Хем со резултат 5:0, во натпреварот од 19. коло од Премиер лигата.
Головите за Ливерпул ги постигнаа Луис Дијаз во 30. минута, Коди Гакпо во 40. минута, Мохамед Салах во 44. минута, Трент Александер-Арнолд во 54. минута и Диого Јота во 84. минута.
Ливерпул е на првото место на табелата во Премиер лигата со 45 бодови, а во следното коло на 5 јануари го пречекува Манчестер Јунајтед.