Јанша ја повика Владата да побара финансиска помош од ЕУ

Од:

Словенија треба да прифати дека не може сама да ги реши своите финансиски проблеми и да побара меѓународна помош, изјави денеска поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша.

Јанша изјави дека двегодишниот буџет, подготвен неодамна од Владата, е нереален и демонстрира недостиг на амбиција кај премиерот Аленка Братушек за решавање на банкарската криза во земјата без надворешна помош.

Словенија презема мерки за стабилизирање на својот банкарски сектор, кој се соочува милијарди евра лоши пласмани.

– Одложувањето на барањето помош само ќе ја зголеми крајната цена на потенцијалниот кредит и ќе доведе до построги услови, рече Јанша, предупредувајќи дека Словенија губи доверба со „одложувањето на неизбежното“.

Јанша, кој е лидерот на опозициската конзервативна Словенечка демократска партија (СДС), беше симнат од премиерската функција во март годинава, по изгласувањето недоврба во неговата Влада во Парламентот поради корупциски скандал поврзан со непријавени лични средства.

Се очекува во ноември да заврши ревизијата на разнишаниот банкарски сектор на Словенија и тогаш појасно ќе се знае дали земјата има средства да го финансира заздравувањето на банките.

Минатата недела Братушек повторно ги отфрли „шпекулациите“ дека Словенија ќе стане шестата земја во еврозоната, на која ќе и биде потреба меѓунардона помош.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски