МВР: Уапсен е насилникот кој пред четири дена со пиштол рани познаник во Скопје

Од:

Полициски службеници вчера го уапсија Б.Р. (36) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 23.12.2024 на ул. „Бутелска“ во Скопје Б.Р. испукал еден проектил од пиштол кон нозете на С.З. (35) од Скопје.

Од страна на Единицата за насилен криминал- Одделение за крвни и сексуални деликти во врска со настанот преземени се опсежни мерки, при што обезбедени се докази против Б.Р. и тој е лишен од слобода, а на 26.12.2024 е поднесена кривична пријава по брза постапка.

Од страна на судија на претходна постапка на Б.Р. му е определена мерка притвор во траење од осум дена.

Би можело да ве интересира

МВР: Оружен инцидент во Арачиново, ранет е 48-годишен маж

Горан Наумовски

Ужас во Швајцарија: Убиено едно лице, петмина ранети во пукање на рејв забава

Предраг Петровиќ

Крвав семеен конфликт во Велико Градиште: Полицаец уби зет и 19-годишна внука, па се самоуби

Исчезна пиштолот на Хитлер – вреди 42 милиони долари

А1он

Четворица осомничени за пукањето во гостиварското село Добри Дол

Пукање среде Башчаршија, полицијата блокираше сè