СДСМ: Граѓаните се ограбени од големите трговци со амин на Мицкоски

Од:

Наместо намалување на цените и поефтини производи граѓаните се буквално ограбени од големите трговци и тоа со амин на Мицкоски, кој им дозволи дебело да профитираат врз грбот на народот. Според проценките на СДСМ неколку милиони евра вреди грабежот врз граѓаните од страна на големите трговци преку т.н. „кошнички“, велат од СДСМ.

„Неколку милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните во изминатиот период, како резултат на оваа лоша политика на Мицкоски. Штета не може да се надомести, а многу семејства ќе се соочат со економски потешкотии токму во пресрет на новогодишните празници. Прашањето е што им должеше Мицкоски на трговците, за да им дозволи вака безобѕирно да ги пљачкаат граѓаните? За само шест месеци од оваа влада, животот на граѓаните се влоши повеќе отколку за време на најголемите економски кризи. Мицкоски се грижи за елитата и неговите бизнис партнери наместо за граѓаните, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Не можам да откривам детали, но има нови сознанија за аферата „Мазут“

Горан Наумовски

Мицкоски: Сегашната Влада е 2,5 до 3 пати поуспешна од претходната

Горан Наумовски

СДММ: Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните

Мицкоски: Ќе изградиме систем во кој сите ќе бидат еднакво вреднувани

(ВИДЕО) Кузеска: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат дали сакаат нивните деца да платат цена за Мицкоски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз