Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Од:

Воздухопловните сили на Израел денеска извршија жестоки воздушни напади врз голем број цели низ Јемен. Израелската војска (ИДФ) соопшти дека главните цели биле воената инфраструктура на исламистичките бунтовници Хути, поддржани од Иран.

Погодени се меѓународниот аеродром во главниот град Сана, воената база Ал Даилами што ја дели писта со аеродромот и електраната во крајбрежниот град Худајда.

Јеменската телевизија контролирана од Хутите објави дека во нападите се убиени три лица.

Би можело да ве интересира

Kaц: Никој нема да може да побегне од долгата рака на Израел

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Израел и Хамас се обвинуваат за опструкции во преговорите за прекин на огнот

Израел потврди дека стои зад атентатот на лидерот на Хамас