ВИДЕО: „САД да ја зголемат испораката на оружје за Украина“

Од:

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден му нареди на американското Министерство за одбрана да продолжи да ги зголемува испораките на американско оружје и муниција за Украина, по руските напади врз клучната украинска енергетска инфраструктура, соопшти денеска Белата куќа.

Во изјавата Бајден оцени дека целта на рускиот напад во средата е да се спречи украинскиот народ да користи електрична енергија и да пристапи до загреани простории во текот на зимата.

Дозволете ми да бидам јасен: украинскиот народ заслужува да живее во мир и безбедност, а САД и меѓународната заедница мора да продолжат да стојат покрај Украина додека таа не триумфира над руската агресија“, рече американскиот претседател.

Тој истакна дека САД испратиле стотици пакети за противвоздушна одбрана во Украина во последните месеци, што ќе продолжат да го прават, со цел да ја зајакнат позицијата на Киев во борбата против Русија, се додава во соопштението.

Најмалку шест лица беа ранети во руските напади во средата, а министерот за енергетика на Украина, Герман Галушченко изјави дека Русија „масовно го нападна енергетскиот сектор“, поради што е ограничено снабдувањето со електрична енергија, пренесува Ројтерс.

Русија ги интензивираше нападите врз енергетскиот сектор на Украина од пролетта и оштети речиси половина од производствениот капацитет на Украина, често предизвикувајќи повеќечасовни прекини на струја низ целата земја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната