12 полицајци со измислени екстра работни часови земале бонус плати

Од:

МВР поднесе кривична пријава против полициските службеници А.А., на работно место во ПС од ОН Гази Баба, А.А. на работно место во ПО Арачиново, Б.Џ., на работно место во ПО Арачиново и В.С., на работно место во ПО Арачиново при СВР Скопје за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и за едно кривично дело „измама во службата“ против полицискиот службеник Б.М., на работно место во ПС од ОН Гази Баба при СВР Скопје.

„Првопријавениот, како заменик командир на ПС од ОН Гази Баба ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што како раководител со несоодветно водење на евиденција за распоред на работа, спротивно на подзаконски пропис со кој се пропишува начинот на евидентирање на реализираните часови на вработените во Министерството за внатрешни работи на 12 полициски службеници- вработени во ПС од ОН Гази Баба им овозможил да се стекнат со право за исплата на бонус плата во 2023 година и без да ги исполнат условите утврдени со Законот за работните односи на секој поединечно им била исплатена бонус плата во износ од 36.614 денари или вкупно 439.368 денари, во кој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи.

Второпријавениот, како командир на ПО Арачиново, третопријавениот како инспектор во ПО Арачиново и четвртопријавениот како инспектор во ПО Арачиново со несоодветно водење на евиденција за распоред на работа, спротивно на подзаконски пропис со кој се пропишува начинот на евидентирање на реализирани часови на вработените во Министерството за внатрешни работи, ја злоупотребиле службената положба и овластување на начин што на седум полициски службеници вработени во ПО Арачиново им овозможиле да се стекнат со право за исплата на бонус плата во 2023 година и без да ги исполнат условите утврдени со Законот за работните односи на секој поединечно им била исплатена бонус плата во износ од 36.614 денари или вкупно 256.928 денари, во кој износ го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи.

Петтопријавениот како вработен во ПС од ОН Гази Баба како службено лице со намера за себе да прибави противправна имотна корист поднел своерачно потпишана изјава со лажна содржина, во која изјавил дека има остварено повеќе од 150 часа прекувремена работа и немал повеќе од 21 ден отсуство од работа во текот на 2023 година, по што му било изготвено решение за утврдено право за исплата на бонус плата во висина од една просечна нето плата во износ од 36.614 денари без да ги исполни предвидените услови утврдени со закон, во кој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против именуваните полициски службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување на работно место-суспензија до завршување на дисциплинската постапка“, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Истражните органи и Обвинителството да се произнесат за кривичната пријава против мене од Левица

Единаесет уапсени, од кои седум се полицајци, осомничени се за примање и давање поткуп

Горан Наумовски

Кривична пријава против поранешен началник и помошник директор во МВР

А1он

Кривична за полицајците кои не му пишаа казна на братот на градоначалникот на општина Гази Баба

А1он

Кривични пријави против екс вработени во МВР за злоупотреба на службена положба и овластување

А1он

МВР поднесе кривична за директор од Делчево, им дозволил на вработените да возат нерегистрирани возила