Идните пензионири се бришат со принудни вработувања

Од:

Агенцијата за вработување повторно го ажурира списокот. На оние лица, кои имаат уште година или две до пензионирање им нуди работа тврдат луѓе кои го контактираа А1он.

Преку писма, на невработените, корисници на паричен надоместок додека отстварат право на пензија, агенцијата им соопштува дека им е најдена работа.

Според тврдењата на оние кои биле известени дека државата им нашла работа, а најчесто се пред пензионирање, им било кажано дека одбивањето би значело и губење на парите кои до моментот, невработените ги примале од Агенцијата за вработување. Помеѓу 6000. и 7000. денари била понудата на работодавците тврдат оние кои биле известени дека веќе им е најдена работа. Економските аналитичари посочуваат дека во Македонија не расте вработеноста, туку низ бројки се намалува невработеноста, што овозможува политички поени, а не решение на овој проблем.

„Прво е погрешна стратегија и нема да ги реши проблемите на граѓаните, не се зголемува бројот на вработени, туку се намалува бројот на невработени, а тоа е чиста политика и не е реално решавање на проблемот“, изјави економскиот аналитичар Алберт Муслиу.

На неколкупати досега Агенцијата за вработување го ажурираше списокот на невработени. Оние кои со години бараат работа, се поделија на две групи, активни и пасивни баратели на работа. Доколку некој не го испочитува рокот, и не се појави на закажаното време, се брише од евиденцијата на невработени, а така и се намалува нивниот број.

Поради одредени неправилности, од агенцијата за вработување, најавија дека повторно ќе се ажурира списокот на невработени лица, од вкупно 215.000 лица, само 92 000 се изјасниле дека се активни баратели на работа, а над 100.000 пасивни. Причината за поголемиот број на пасивни баратели на работа , надлежните инситуцции ја лоцира во недоволната информираност на лицата, но и во сивата економија- многу од младите работат на црно.

Со новите мерки бројот на невработени се намали и падна под 30 отсто или 28 проценти од населението е без работа.

Разлика во податоците за невработеноста соопштуваат две државни институции-според Агенцијата за вработување невработени се околу 215.000 лица во Македонија со последните измени во начинот на кој се рангираат оние кои бараат работа, додека Државниот завод за статистика измерил дека во Македонија има 273.000 луѓе кои седат дома и чекаат државата да им најде работа.

Министрите во Владата, заедно со Премиерот падот на невработеноста под фамозните 30 отсто како заслуга ја препишаа токму на економските политики на оваа Влада. Една од мерките е онаа за самовработување или грант од 3000 евра за старт на свој бизнис.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

СДСМ: Mицкоски ги излажа пензионерите, нема зголемување на пензиите за 5.000 денари како што ветуваше

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ

Пензионерите бараат нов Закон за пензиите со кој минималната пензија ќе изнесува 70 отсто од минималната плата