Иран може да се придвижи кон изградба на нуклеарна бомба откако беше ослабен од војните на Блискиот Исток, предупреди Белата куќа на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
Советникот за национална безбедност на Џозеф Бајден рече дека тој го информирал идниот претседател за „ризикот“ официјален Техеран да го добие оружјето.
Ова доаѓа откако Трамп, наводно, размислува за воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки кога ќе продолжи да биде врховен командант по положувањето заклетва на 20 јануари, објави британски Телеграф.
Џејк Саливан, советникот за национална безбедност во Белата куќа, рече дека го предупредил тимот на Трамп да биде „внимателен“ за заканата од нуклеарна ескалација.
Позицијата на Иран ослабе по израелските напади врз неговите сојузници – палестинскиот Хамас и либанскиот Хезболах, како и падот на Башар ал Асад, ирански ориентиран претседател на Сирија. Саливан предупреди на зголемен ризик Иран да се откаже од ветувањето дека нема да произведува нуклеарно оружје.
„Тоа е ризик за кој сега се обидуваме да бидеме внимателни. Тоа е ризик за кој јас лично го информирам дојдовниот тим“, рече Саливан, додавајќи дека се консултирал и со американскиот сојузник Израел.
Тој додаде дека, со оглед на „ослабената позиција“ на Иран, Трамп може да го убеди Иран да се обврзе да го уништи својот нуклеарен капацитет.