ЛДП бара да се плаќа ДДВ по наплата и да се воведе викенд без данок

Од:

Либерално демократската партија бара да се промени системот за наплата на ДДВ, при што сите компании чиј што годишен обрт не надминува 20 милиони денари (околу 330.000 евра), ДДВ-то би го плаќале по извршената наплата.

– Со овие промени, компаниите, особено малите и средните, би добиле можност за растоварување и развој, бидејќи се приморани да плаќаат ДДВ, значително пред да ги наплатат своите побарувањата. Исто така, би се подобрила и ликвидноста на малите и средните претпријатија, но истовремено би се зголемила и наплатата на ДДВ-то од овие компании. Време е Владата да покаже слух за залагањата на бизнис заедницата – вели Зоран Шапуриќ, член на Централниот одбор на ЛДП.

Тој потсетува дека неодамна Бугарија направи реформи за наплата на ДДВ, како резултат на реакциите и сугестиите од бизнис секторот, според кои почнувајќи од 2014 година фирмите, чиј годишен обрт не надминува 500.000 евра, ќе имаат обврска да плаќаат ДДВ, дури по извршената наплата.

– Со тоа Бугарија е 22 земја членка на Европска унија, која воведува одложена наплата на ДДВ, пред се, за малите и средните компании. Крајно е време и кај нас да преземат мерки во оваа насока и да се послушаат сугестиите на бизнис заедницата, која има огромни проблеми со плаќањето на ДДВ, бидејќи обврската за плаќање ДДВ им достасува значително пред наплатата на побарувања. Според последните официјални податоци, просечен рок на наплата на побарувањата е околу 120 дена, што е значително подолго од рокот за плаќање ДДВ. Освен тоа, значителен дел од побарувањата се наплаќаат и во подолг рок – додава Шапуриќ.

Тој истакна дека во повеќе сојузни држави во САД е донесен закон, со кој се воведува викенд, односно период од петок до недела, во кој се врши продажаба без наплата на данок, tax free weekend, кога државата се откажува од наплатата на данокот.

– ЛДП ја иницира оваа идеја за воведување ваков викенд без данок и во Република Македонија, за што се потребни, законски измени. Веќе од наредната година би можело да се отпочне со примена на оваа пракса, која би ја поттикнала потрошувачката – додава Шапуриќ.

Би можело да ве интересира

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа

Владината коалиција е стабилна и цврста, дали ЛДП би биле дел од владината коалиција се уште не е разговарано, вели Мицкоски