Полицијата во германскиот пристанишен град Бремерхавен уапси маж кој на ТикТок се заканувал дека ќе изврши тешки дела на божиќниот пазар во градот.
Веста доаѓа откако 50-годишен маж од Саудиска Арабија во петокот влета со својот автомобил во толпата на божиќниот пазар во источниот германски град Магдебург, при што уби пет, меѓу кои и едно деветгодишно дете.
Криминалистите често предупредуваат на можноста за имитирање на вакво насилство по тешки кривични дела. Полицијата успеала „многу брзо“ да го идентификува осомничениот по објавувањето на видеото и привремено го приведе.
Властите не дадоа дополнителни детали за уапсениот или сериозноста на заканите, но рекоа дека нема опасност за јавноста.