(ВИДЕО) Путин и се закани на Украина по вчерашниот напад: „Ќе зажалите“

Од:

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска и се закани на Украина со повеќе „уништување“ по вчерашниот напад со беспилотни летала врз зградите во Казан, за што Москва го обвинува Киев.

„Секој што ќе се обиде да уништи што било во нашата земја, без разлика колку е мало, ќе се соочи со многу повеќе уништување во сопствената земја и ќе зажали за тоа што и го прави на нашата земја“, рече тој коментирајќи го нападот врз Градот Казан на околу 1000 километри од украинската граница.

Според локалните власти, погодени се станбени згради, но нема жртви. Украина не го коментираше овој напад, ниту пак руските обвинувања. Киев редовно извршува напади во Русија, често насочени кон нафтени или индустриски капацитети, како одговор на руските воздушни напади на критичната украинска инфраструктура.

Во последните неколку недели, Владимир Путин постојано се закануваше дека ќе го погоди центарот на Киев со новата и моќна ракета Орешник која првпат беше употребена во ноември.

Поради речиси континуираните воздушни напади на руската војска, Украина се соочува со редовни прекини на струја среде зима. Руската армија моментално забрзано напредува, особено во источниот регион на Доњецк, кој е во фокусот на борбите.

Москва се стреми да добие што е можно повеќе територија пред новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата во јануари. Републиканецот вети дека брзо ќе стави крај на овој конфликт кој трае речиси три години.

Би можело да ве интересира

Трамп му порачал на Зеленски да размислува за отстпување на териториите кои се под контрола на Русија

Шефот на украинската армија нареди повлекување

(ВИДЕО) Зеленски: Путин е луд

Путин: Штом Елцин го крена гласот против бомбардирањето на СРЈ, беше прогласен за алкохоличар

Зеленски: Путин е луд и мислам дека го знае тоа

ВИДЕО: Имавме договор со Украина, но се појави човекот со „добра фризура“, вели Путин

Катерина Ѓуровски