(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

Од:

Најмалку 22 лица загинаа денеска во Бразил во судир на камион и автобус кој се запали, соопштија локалните пожарникари.

На автобусот во кој имаше 45 патници му пукна гума, возачот изгуби контрола над возилото и се судри со камион што доаѓаше на автопатот кај градот Теофило Отони во провинцијата Минас Жераис. Пожарникарите соопштија дека од уништениот автобус спасиле 13 патници.

„Пожарникарите извлекоа 22 тела од автобусот, а другите жртви се уште треба да се извлечат“, изјави пожарникар Алонсо Виеира Јуниор.

Тој додаде дека е потребен кран за да се извлечат преостанатите жртви од другиот дел на автобусот, пренесува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

А1он

Две години затвор за Менсур Пајазити кој ја прегази 22-годишната Теодора

Катерина Ѓуровски

Тетовец загина на патот Маврово-Дебар

Катерина Ѓуровски

Во целосен прекин сообраќајот на регионалниот пат кај мотел „Велес“ до Велес

Четворица повредени во сообраќајка во Кавадарци

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот