Страшен инцидент се случил во основното училиште во „Пречко“ во Загреб, кога тинејџер (19) со нож нападнал наставничка и неколку ученици. Eдно дете (7) почина, а мета била наставничка.
Сè се случи на крајот од големиот одмор. Насилникот бил целосно облечен во црно и имал брада, а полицијата соопштила дека е хрватски државјанин. Во тој дел од училиштето каде се случувало се, има ученици од петто и прво одделение.
Цел на нападот бил наставничка од прво одделение. Во таа прилика биле повредени уште шест ученици, а самиот напаѓач кој се повредил.
Очевидец вели дека напаѓачот бил облеан во крв.
– Видов кога го изнесоа надвор во амбулантата. Изгледаше расеан, лицето му беше крваво, а косата му беше разбушавена, можеби се дрогира. Изгледаше многу расеан, како да не знаеше што се случува со него. Го водеа – рече човек кој работи во фирма спроти училиштето.
Не се знае како напаѓачот влегол во училиштето, со оглед на тоа што секогаш е заклучено, тврди поранешен ученик кој живее до училиштето.