Пет лица загинаа, а седум се повредени во пожар што избувна во притвор во Јакутск, соопштија властите.
Пожарот избувна во ноќта меѓу четвртокот и петокот во населбата Виљујска, пренесе Интерфакс.
Поради вдишување на јаглерод моноксид седум лица се префрлени во болница каде им била укажана лекарска помош.
Во моментов властите ги истражуваат причините за пожарот.