Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола денеска изјави дека проширувањето на ЕУ е геополитичка неопходност и предупреди дека доколку процесот продолжи да се одложува, се создава простор за другите да го поткопаат влијанието и вредностите на Европа.
На прес-конференцијата во Брисел, Мецола повтори дека ЕУ мора да направи чекор понатаму во 2025 година за да го потврди местото на Европа на светската сцена, а кога станува збор за соседството на ЕУ, таа рече дека е неопходно да се зајакне присуството и ангажманот на Унијата.
Во овој контекст, таа предупреди дека, како што тврди, „руското мешање продолжува да ги дестабилизира Молдавија, Грузија и Западен Балкан“.