Група поврзана со Кремљ ја презеде одговорноста за хакерскиот напад на Европскиот парламент

Од:

Претседателката на Европскиот Парламент Роберта Мецола соопшти дека институцијата била подложена на софистициран кибер напад, за кој одговорност презела група поврзана со Кремљ.

Претходно денеска ЕП усвои Резолуција со која ја прогласува Русија за држава „спонзор на тероризмот“, поради војната против Украина и уништувањето на цивилната инфраструктура на земјата.. Набргу по усвојувањето на резолуцијата, веб-страницата на институцијата стана делумно недостапна.

Мојот одговор е: „Слава на Украина“, напиша Мецола на Твитер.

Портпаролката на ЕП прецизираше дека се прават напори за што побрзо да се надмине проблемот.

Би можело да ве интересира

Фон Крамон: Киев ќе ги добие ветените 50 милијарди евра

Европскиот парламент изгласа резолуција против Србија

Европските парламентарци бараат Србија да го екстрадира Милан Радоичиќ на Косово

А1он

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го одложи гласањето за извештајот за Македонија

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Европскиот парламент повикува на национален консензус за евроинтеграциите